Општина Кавадарци: До март да се комплетираат документите за дивоградбите за кои е побарана легализација
- Сите тие што ја имаат почнато постапката за легализација a ја немаат завршено поради некомплетни документи, треба да го дополнат барањето со бараните докази и да го достават во Општина Кавадарци, Сектор за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животната средина, бидејќи важноста на Законот изминува заклучно со 04.03.2026 година.
Кавадарци, 13 јануари 2026 (МИА) - Општина Кавадарци ги повика сопствениците на бесправни објекти што побарале правен статус да ги докомплетираат документите до март, информираа денеска од локалната самоуправа.
- Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев ги известува сите граѓани кои (како иматели на бесправни објекти што се изградени на подрачјето на единицата на локалната самоуптава), имаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправни објекти или нивни делови, согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти, а за што се уште не е донесено решение за утврдување на правен статус на бесправен објект поради некомплетност на барањето, соопштија од Општината.
Оттаму појаснија дека сите тие што ја имаат почнато постапката за легализација a ја немаат завршено поради некомплетни документи, треба да го дополнат барањето со бараните докази и да го достават во Општина Кавадарци, Сектор за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животната средина, бидејќи важноста на Законот изминува заклучно со 04.03.2026 година. свд/лв/