• петок, 22 ноември 2024

Општина Илинден и Градот Врање потпишаа меморандум за заедничка соработка

Општина Илинден и Градот Врање потпишаа меморандум за заедничка соработка

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Општина Илинден и Градот Врање потпишаа заеднички меморандум за соработка во насока на воспоставување и одржување на успешно партнерство. Меморандумот го потпишаа Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и градоначалникот на Градот Врање, Слободан Миленковиќ, со што се создадени услови за развој и унапредување на постоечките модалитети за соработка во економијата, културата, образованието, спортот и други области, информират од Општина Илинден. 

Оттаму велат дека соработката помеѓу Општина Илинден и Градот Врање особено ќе биде насочена кон реализирање на заеднички развојни проекти со посебен акцент за искористување на ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ  (ИПА III)- прогама за прекугранична соработка Србија - Македонија 2021-2027.

-Дополнително двете страни целосно ќе ги насочат своите административни, технички и организациски капацитети за меѓусебна соработка, за реализирање на развојните проекти, различни иницијативи, активности за развој на економијата и културата, органзирање на различни манифестации во наредниот период, како и промоција на економските вклучително и туристичките потенцијали, се вели во денешното соопштение од Општина Илинден. 

Од Општината најавуваат дека и во иднина ќе реализира активности во изнаоѓање на дополнителни извори на финасирање за резлиација на капитални проекти во општината од различни области се со цел подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани. сст/цр

фото Општина Илинден 

                                                         

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан