• петок, 22 ноември 2024

Општина Илинден домаќин на 28-те регионални спортски игри на пензионери

Општина Илинден домаќин на 28-те регионални спортски игри на пензионери

Скопје, 15 јуни 2024 (МИА) - На спортските терени во Општина Илинден се одржаа 28-те регионални спортски игри на пензионери од првиот регион, во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, домаќин е Здружението на пензионери „Илинден“, а целиот настан е со поддршка на Општина Илинден.

Како што соопштија денеска од Општина Илинден, на овие спортски регионални натпревари учествувале девет здруженија на пензионери или околу 400 учесници кои се натпреварувале во повеќе спортски дисциплини. На свеченоста по повод отворањето на игрите присуствувал и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претседателката на Сојузот на пензионерите, Станка Трајкова, како и претседателот на здружението на пензионери, Васе Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Георгиевски истакнал дека со одржувањето на овие спортски игри на дело се покажува убав пример за здрави навики во секојдневното живеење на повозрасните граѓани, затоа локалната самоуправа секогаш во рамки на своите можности ќе дава поддршка за ваквите манифестации.

- Регионалните спортски игри се пример дека спортот, желбата и натпреварувачкиот дух се движечка сила особено кога станува збор за луѓето од третата доба. Со поддршката и реализацијата на ваквите активности овозможуваме и создаваме услови за подобар квалитете на животот на нашите пензионери, нагласил Георгиевски, се наведува во соопштението.

Спортските игри се одржале на неколку локации во зависност од дисциплината, а пензионерите се натпреварувале во тегнење јаже, атлетика, кошарка, пикадо, шах, и уште неколку дисциплини во кои пензионерите ги измериле своите сили.

Најдобрите од спортските игри ќе учествуваат на Републичките спортски игри кои ќе се одржат во наредниот период. цр/

Фото: Општина Аеродром

 

 

 

 

Општина Илинден

Одделение за поддршка на Градоначалникот

Остани поврзан