• петок, 05 декември 2025

Општина Илинден гради модерен парк во Марино

Општина Илинден гради модерен парк во Марино

Скопје, 29 јули 2025 (МИА) - Во тек е изградбата на нов урбан парк со повеќе содржини во Марино, информираат во денешното соопштение од Општина Илинден.

-Паркот ќе биде сместен помеѓу улиците „531“, „532“ и „534“, на површина од приближно 5.600 метри квадратни. Проектот предвидува комплетно партерно уредување, инсталација на улично осветлување, поставување на чешми, клупи, корпи за отпадоци, паркинг простор, пешачки патеки и сервисна улица. Просторот ќе содржи зелени површини, отворен плоштад за јавни настани, фонтана во централниот дел, жардињери со декоративни растенија и детско игралиште опремено со реквизити за најмладите, се наведува во соопштението.

Увид во текот на градежните работи извршил градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, при што нагласил дека уредувањето на јавниот простор и неговата урбанизација се клучни за обезбедување на квалитетна средина за одмор и рекреација на жителите.

Со овој проект, Општина Илинден продолжува со динамичниот процес на модернизација и уредување на јавните простори низ целата територија на општината. дма/

 

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан