• четврток, 26 март 2026

Општина Зрновци обезбеди нова механизација од 5, 5 милион денари за ефикасно летно и зимско одржување на патиштата

Општина Зрновци обезбеди нова механизација од 5, 5 милион денари за ефикасно летно и зимско одржување на патиштата

Зрновци, 14 октомври 2025  (МИА)  - Зрновци реализираше нов, за нив капитален проект, вреден 5, 5 милиони денари, со кој значително ќе се унапреди одржувањето на локалната патна инфраструктура. Со овие средства е набавен трактор и современа приклучна комунална механизација.

Новата возило со приклучните елементи ќе овозможи поефикасно и навремено чистење на снег во зимски услови, одржување на зеленилото и патиштата во текот на летото, како и подобрување на хигиената и уреденоста на јавните површини.

Со овој проект, велат во општинската администрација,  се обезбедуваат побезбедни и проодни патни правци за сите жители и посетители на општината, што претставува значаен придонес кон подобрување на условите за живот и функционирање на жителите.

Средствата за реализација се обезбедени преку потпишан договор за финансирање помеѓу Министерството за локална самоуправа и Општина Зрновци, како дел од програмата за „Намалување на регионални диспаритети и зголемување на конкурентноста за 2025 година“. ис/ев/

ФОТО: Општина Зрновци

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан