Општина Дојран изработи подземен катастар
- Преку проектот во соработка со Германскoто друштво за меѓународна соработка (ГИС) Општина Дојран изработи подземен катастар за комунална инфраструктура, пронаоѓање загуби на вода, поставување скада системи, и мерни инструменти,објави градоначалникот Анго Ангов.
Дојран, 20 декември 2024 (МИА) - Преку проектот во соработка со Германскoто друштво за меѓународна соработка (ГИС) Општина Дојран изработи подземен катастар за комунална инфраструктура, пронаоѓање загуби на вода, поставување скада системи, и мерни инструменти,објави градоначалникот Анго Ангов.
Според него, ова е основа за изработка на хидрауличен модел, кој се работи во моментот, за регулирање на притисокот и протоците на вода за да се надмине проблемот со притисокот во повисоките делови од Дојран.
-Во рамки на истиот проект се поставени и 300 паметни водомери кои помагаат во детектирањето на проблемите, загубите на вода и имаат можност за читање на водомерот преку софтвер, информираше Ангов.
Додава дека оваа година се планирани поголеми зафати во водоводната мрежа и решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето. рт/сст/
Фото: МИА архива