Општина Дебрца со свои предлози за поврзувањето на селата со автопатската делница Охрид - Кичево
- На работниот состанок презентирани предлог-проектни решенија за можните сообраќајни врски на селата од општината со автопатот Охрид-Кичево

Охрид, 15 јануари 2024 (МИА) – Претставници на Општина дебрца, на месните заедници, Јавното претпријатие за државни патишта, проектанти и останати засегнати субјекти денеска одржаа работен состанок на кој беа презентирани предлог-проектни решенија за можните сообраќајни врски на селата од општината со автопатот Охрид-Кичево што е во изградба, на делницата од селото Ботун до селото Оровник.
На состанокот што мина во контруктивна атмосфера претставниците на месните заедници изнесоа одредени предлог-забелешки и сугестии, со цел да се обезбеди подобро приклучување на селата со автопатот, а кои како предлози преку општината дополнително ќе бидат доставени на разгледување до Јавното претпријатие за државни патишта. аб/нд/
Фото: Општина Дебрца