• четврток, 26 март 2026

Општина Дебар продолжува со зафати за подобра патна инфраструктура, во завршна фаза асфалтирањето на патот во Долно Косоврасти

Општина Дебар продолжува со зафати за подобра патна инфраструктура, во завршна фаза асфалтирањето на патот во Долно Косоврасти

Дебар, 5 март 2026 (МИА) - Општина Дебар продолжува со реализација на проекти за подобрување на патната инфраструктура, со цел создавање подобри услови за жителите на целата територија на општината. 
 
По исполнувањето на сите потребни технички и административни услови, во завршна фаза е целосната реконструкција на патот во село Долно Косоврасти. 
 
-Станува збор за патот од Косоврашки Мост до центарот на селото, како и кракот кој води кон бањските локалитети. Со проектот предвидено се средства во износ од над 5,5 милиони денари со вклучен ДДВ. Можам да кажам дека во завршна фаза е асфалтирањето на  патот,  рече за МИА, Резона Фетаху,  координатор на проектот. 
 
Увид во работите  изврши градоначалникот, Фисник Меља, кој изрази задоволство од  динамиката и квалитетот на реализацијата на проектот. 
 
-Овој проект е дел од континуираната заложба на Општина Дебар за подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за безбеден и непречен сообраќај на жителите на село Долно Косоврасти, изјави тој. 


 
Меља порача дека Општина Дебар останува посветена на реализација на инфраструктурните инвестиции со висок квалитет и во предвидените рокови, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните и рамномерен развој на сите делови од општината. вт/ 
 
Фото: Општина Дебар

Остани поврзан