• петок, 05 декември 2025

Општина Дебар апелира на внимателност и одговорност поради зголемениот ризик од пожари

Општина Дебар апелира на внимателност и одговорност поради зголемениот ризик од пожари

Дебар, 5 јуни 2025 (МИА) – Општина Дебар упати апел до жителите да бидат внимателни и одговорни поради зголемениот ризик од пожари на отворени површини.

-Упатуваме апел до жителите на Дебар и околината дека, поради временски услови и високата опасност од појава и ширење на пожари во летниот период, да избегнуваат секое непотребно движење во шумските и планинските подрачја. Исто така информираме дека строго се забранува палење оган во каква било форма. И мал оган може брзо да се прошири и да излезе од контрола, загрозувајќи животи, приватен и јавен имот, како и природната средина, стои во апелот.

Предупредува дека „секое дејство што може да предизвика пожар или да ја загрози јавната безбедност ќе биде санкционирано со строги законски мерки, вклучително и парични казни и други казни согласно важечките закони“.

-Да бидеме внимателни и да постапуваме одговорно – да ги заштитиме животите, имотот и нашата заедничка природа, порачуваат од локалната власт.

Според Територијалната противпожарна единица, која пожари гаси и во соседните општини Центар Жупа и Маврово и Ростуше, во подрачјето на Река, од педесетината пожари, колку што се регистрирани од почетокот на годинава, околу 60 отсто се на отворен простор.

И минатата година од вкпно 33 интервенции дури 26 биле пожари на отворен простор, меѓу нив од големи размери беа два пожари во атарот на село Татар Елевци, над градот, и пожарот во село Гари. вт/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан