Општина Гостивар ќе доделува по шест илјади за новороденче
- На последната седница на советот на општина Гостивар која се одржа денеска, беше изгласана одлука со која во наредната година за секое новороденче ќе се издвојуваат по 6.000 денари.
Гостивар, 30 декември 2024 (МИА) – На последната седница на советот на општина Гостивар која се одржа денеска, беше изгласана одлука со која во наредната година за секое новороденче ќе се издвојуваат по 6.000 денари.
Вршителот на должноста градоначалник, Ваљбон Лимани во образложението на предлог одлуката пред членовите на општинскиот совет, напомена дека оваа мерка треба да им помогне на родителите кои во 2025 година ќе добијат принова. Во него се превидени и повеќе пари за заштита на животната средина и спорт.
Лимани посочи дека во програмата, покрај оваа мерка, предвидена со Програмата за социјална и детска заштита се разгледува и издвојување на средства од општинската каса и за првачињата.
Одлуката за финансиска помош на семејство со новородено дете, ја поддржаа сите присутни советници, освен советничката група на ДУИ кои претходно ја напуштија седницата.
На денешната седница беше изгласан и буџетот за 2025 кој изнесува околу 27 милиони евра.згм/са/
Фото: МИА