• четврток, 19 декември 2024

Општина Велес распиша конкурси за делегирање на надлежности на три културни манифестации

Општина Велес распиша конкурси за делегирање на надлежности на три културни манифестации

Велес,16 март 2023(МИА) - Општина Велес денеска распиша три конкурси за  делегирање на надлежности на три значајни културни манифестации со долга традиција и реноме - „Рациновите средби“, „Детски Рацинови средби“ и „Меѓународната скулпторска колонија“.

Конкурсите се отворени седум дена од денот на објавувањето.

На сите три конкурси може да се пријават здруженија на граѓани од областа на културата со искуство од организирање на вакви и слични настани.

Од општинската прес-служба информираат дека Општина Велес од својот буџет за манифестацијата „Рациновите средби“ ќе издвои 600 илјади денари, за „Детските Рацинови средби“ 120 илјади денари и за „Меѓународната скулптурска колонија“ 400 илјади денари.ад/фф/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан