• понеделник, 23 декември 2024

Општина Велес го изготви идејното решение за катна гаража кај автобуската станица

Општина Велес го изготви идејното решение за катна гаража кај автобуската станица

Велес, 26 февруари 2024 (МИА) - Општина Велес го направи првиот чекор за изградба на катна гаража. Изготвено е идејно решение на постоечка маркица во Деталниот урбанистички план во близина на Автобуската станица во Велес.

Како што информираат од Општина Велес, со изградба на катна гаража значително ќе се зголеми капацитетот на паркинг просторот во овој дел на градот.

-Ваквата инвестиција подразбира вложување на големи финансиски средства за кои Општина Велес ќе се заложи да ги обезбеди со поддршка на државната власт. Општина Велес продолжува со реализација на проекти во интерес на граѓаните и нивните потреби, најавуваат од Општина Велес. ад/дма/

Фото: Општина Велес

Остани поврзан