• четврток, 04 декември 2025

Општина Василево ќе реализира пет капитални проекти во вредност од околу 1,5 милиони евра од унгарскиот кредит

Општина Василево ќе реализира пет капитални проекти во вредност од околу 1,5 милиони евра од унгарскиот кредит

Василево, 10 јули 2025 (МИА) - Изградба на отворен канал за одводнување во село Дукатино, изградба на фекални канализациски системи за селата Радичево и Пиперево, Колектор К1, реконструкција на улица во населено место Нова Маала кон гробиштата и реконструкција и ревитализација на улица од влез во село Пиперево до центар, се проектите чија реализација набрзо ќе започне, а средствата се обезбедени преку вториот повик на Владата за средства од унгарскиот кредит.

Ваква одлука донесоа членовите на Советот на Василево на синоќешната седница во рамки на одобрување на Планот на програмите за развој.

Според градоначаликот Славе Андонов, со овие проекти ќе се решат големи проблеми и барања на граѓаните кои без поддршка од Владата немаше да можат да бидат реализирани.

-Слободно можам да кажам дека ова е историски момент бидејќи ние канализација од еден километар го правевме година и пол, а сега Радичево ќе добие канализација во цело населено место.  Јас се надевам дека овие финансиски средства од страна на Владата ќе продолжат и наредната година со што ќе реализираме и други проекти во други населени места, се наведува во пренесената изјава на Андонов.

Според него, идната недела веќе ќе почнат јавните набавки за побрзо да започне реализацијата на проектите и се очекува најдоцни до август да почне нивната реализација и да завршат до локалните избори. рт/сст/

Фото: Општина Василево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан