• вторник, 14 мај 2024

Општина Битола, Синдикатот на УПОЗ и Синдикатот на САДУ потпишаа Колективен договор

Општина Битола, Синдикатот на УПОЗ и Синдикатот на САДУ потпишаа Колективен договор

Битола, 28 август 2022 (МИА) - Општина Битола претставувана од градоначалникот Тони Коњановски, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи, здруженија на граѓани на Република Македонија претставуван од претседателот на Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Општина Битола, Александар Ничков и Синдикатот на работниците во администрација и државна управа претставуван од претседателот на Синдикалната организација на САДУ при Општина Битола, Блага Талевска, денеска потпишаа Колективен договор на Општина Битола.

Со овој прв колективен договор се уредуваат правата, обврските и одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените во Општина Битола, со што во периодот кој следува се очекува да се добие зголемена експедитивност на општинската администрација, навремени и подобри услуги за граѓаните.

Претставниците на двата синдикати при општина Битола, изразија голема благодарност за тоа што градоначалникот Коњановски е првиот градоначалник кој покажа интерес во соработка со администрацијата и општина Битола да воведе нов начин на работа со кој јасно е искажана волјата за унапредување и грижа за вработените и нивните права, во интерес на подобрување на функционалноста на локалната самоуправа, со посочува во соопшение до јавноста од Општина Битола. мт/дма/

Остани поврзан