• сабота, 21 декември 2024

Општина Берово ја најави официјалната програма на Етно Плоштад Фестивал

Општина Берово ја најави официјалната програма на Етно Плоштад Фестивал
Берово, 24 август 2022 (МИА) - Во Општина  Берово по пауза од две години ќе се одржи го Етно Плоштад Фестивал. Фестивалот ќе биде во траење од три дена, во чии рамки како што истакнаа на прес конференцијата од Општината ќе настапат познати македонски музички имиња.
-Интензивно се работи на последните подготовки на еден од најдобрите и најпосетените културни настани во источниот регион кој ќе се одржи во периодот во  26 до 28.08.2022 година. Свеченото отварање е во петок од 19:00 часот на сцената во центарот во Берово. Предвидени се настапи на голем број препознатливи музички имиња, о кои сметаме дека ќе бидат задоволени различните музички вкусови, истакнаа од Општината.
Во рамките на Етно плоштад фестивал ќе биде организиран и Традиционалниот Саем на производи од Малешевијата.
-Во рамки на овој Саем присутните ќе можат да ги посетат тезгите со здрава храна, сувенири,  ракотворби,  еколошки производи, традиционални занаети и слично. Несомнено е дека Етно плоштад фестивалот и Берово се следната културна дестинација, оваа недела, од 26-ти до 28-ми август, додадоа од Општина Берово.
Фестивалот во чии рамки се предвидени настапи на Антонија Гиговска, Слаткаристика, Дац и Александар и други македонски музички ѕвезди, финансиски е поддржан од Министерството за култура, а генерален спонзор е општествено одговорната компанија АВИАТОР ДООЕЛ Скопје. вс/дма/

Остани поврзан