• сабота, 14 март 2026

Општата болница во Дебар работи на создавање услови за превентивни стоматолошки услуги за деца

Општата болница во Дебар работи на создавање услови за превентивни стоматолошки услуги за деца

Дебар, 17 февруари 2026 (МИА) -  Во општата болница со проширена дејност во Дебар се преземаат активности да се создадат соодветни услови за обезбедување превентивни стоматолошки услуги за деца до 14 - годишна возраст, информираше денеска Мерсим Колеци, директор на дебарската болница.

Колеци вели дека во присуство на Сокол Довољани, како претставник на донаторот, Рефик Косоврасти, наш иселеник во САД,  извршена е уплата за набавка на стоматолошки стол, стерилизатор и компресор, наменети за потребите на службата за детска и превентивна стоматологија во болницата во Дебар.

- Во наредниот период болницата во Дебар ќе изврши реконструкција и подготовка на просториите на службата за поставување на новата медицинска опрема, со цел да се создадат соодветни услови за обезбедување превентивни стоматолошки услуги за деца до 14-годишна возраст, најави директорот Колеци. 

Во дебарската болница во тек се активности и за реконструкција на просторите на Брзата помош.вт/лв/

Фото: МИА/ Општа болница - Дебар 

Остани поврзан