• вторник, 15 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Опозицијата во Србија бара нова постапка за избор на членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми

Опозицијата во Србија бара нова постапка за избор на членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми

Белград, 23 април 2025 (МИА) - Итна седница на Одборот за култура и информирање на српското Собрание побараа денеска пратениците од српската опозиција кои се членови на тоа тело. Тие на прес конференција побараа и поништување на претходниот процес на избор на членови на Советот на реулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) и почеток на нова процедура за избор на членови на тоа тело, јави МИА од Белград.

Пратениците од опозицијата на прес-конференција во српското Собрание нагласија дека на тој начин одговараат на барањето на студентите во блокада, кои девет дена ја блокираат РТС.

Пратениците од опозицијата тврдат дека претходната процедура за избор на членови на РЕМ била полна со нерегуларности, „суштински пропаднала“ и дека најголем дел од кандидатите биле предложени од, според нив, „лажни организации“ или дека кандидатите ги немале потребните квалификации.
„Претходната процедура за избор на членови на Советот на РЕМ беше катастрофална. Докажавме дека најголем дел од кандидатите се предложени од лажни организации или ги немаа потребните квалификации. Наместо да ја регулира работата на медиумите и да реагира на прекршување на медиумските стандарди, РЕМ служи за заштита на оние медиуми кои го прекршуваат законот, изјави Радомир Лазовиќ, пратеник од Зелено-левиот фронт. 
Блокадата на РТС во Белград од страна на студенти и граѓани се уште трае. зш/

Остани поврзан