• недела, 22 декември 2024

Опожарени триесет дрвени прагови на железничка станица Куманово

Опожарени триесет дрвени прагови на железничка станица Куманово

Куманово, 21 март 2024 (МИА) - Триесет дрвени прагови изгореле во вчерашниот пожар во близина на железничката станица Куманово на делницата Табановце-Скопје, соопштија денеска од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Железничкиот товарен сообраќај не бил во прекин, потврдија од претпријатието. Пожарот бил во близина на станицата ама не го отежнувал сообраќајот.

- Територијалната противпожарна единица Куманово го изгасила пожарот. Дежурни екипи цела ноќ беа на местото на настанот, бидејќи праговите имаат специјален состав и тешко се гасат. Станува збор за полновни прагови, соопштија од претпријатието.

И од регионалниот центар за управување со кризи Куманово објавија информација дека вчера противпожарна екипа од ТППЕ Куманово интервенирала на гасење пожар на железничка станица во Куманово.

- Втората интервенција е на запалени 30 дрвени прагови од пруги, интервенирано е д 19:30 до 20:30часот со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, соопштија од РЦУК Куманово.

Пред неколку години, исто така гореа стари дрвени прагови. Црниот густ чад се гледаше од повеќе локации од Куманово и блиските населени места од соседна Србија. ам/цр


Фото: МИА архива

Остани поврзан