• недела, 19 мај 2024

Опожарени пет хектари површина во каменичкото село Цера

Опожарени пет хектари површина во каменичкото село Цера

Македонска Каменица, 11 февруари 2024 (МИА) - Каменичките пожарникари го изгасија пожарот кој денеска избувна во атарот на селото Цера. Во пожарот изгорена е површина околу пет хектари со нискостеблеста вегетација.

-Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица учествуваше во гаснењето на пожарот во с.Цера кај месноста Побиен Камен во кој има изгорено околу пет хектари површина (суватрева, трње, папрат, нискостеблести растенија и ниски диви борчиња). Во гаснењето учествуваа едно противпожарно возило со пет пожарникари, информираше командирот на ТППЕ М.Каменица, Малин Трајчевски.Ова како што додава е трет пожар за неполн месец.

Како што додаде, во моментот има нов пожар во селото Дулица, поради што екипа на ТППЕ е веќе на терен и улествува во гаснење на бор кој е зафатен од пожарот.

Трајчевски апелира на совесно однесување на граѓаните во природа се со цел да се избегнат несаканите последици.вс/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан