Опожарени две машини и возило на ЈКП „Водовод“-Битола
- Секторот за односи со јавност на СВР Битола информира дека на паркинг простор во кругот на Јавното комунално претпријатие „Водовод” во Битола настанал пожар од кој се зафатени две работни машини и едно патничко возило „фиат добло” со битолски регистарски ознаки, сите сопственост на претпријатието.
Битола, 26 мај 2025 (МИА) - Секторот за односи со јавност на СВР Битола информира дека на паркинг простор во кругот на Јавното комунално претпријатие „Водовод” во Битола настанал пожар од кој се зафатени две работни машини и едно патничко возило „фиат добло” со битолски регистарски ознаки, сите сопственост на претпријатието.
Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола. мт/цр
Фото: МИА архива