• недела, 22 декември 2024

ОПЕК ја отфрли прогнозата на Меѓународната агенција за енергија за врвот на побарувачката на нафта

ОПЕК ја отфрли прогнозата на Меѓународната агенција за енергија за врвот на побарувачката на нафта

Виена, 14 јуни 2024 (МИА) - Генералниот секретар на Организација на земјите извознички на нафта и нафтени деривати (ОПЕК), Хаитам ал Гајс, денеска ја отфрли прогнозата на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) дека врвот на глобалната побарувачка на нафта ќе се случи до 2030 година.

Ова е опасен коментар, особено за потрошувачите, кој само ќе доведе до нестабилност на цените на енергијата во „потенцијално невидени размери“, наведува тој во колумна за порталот на агенцијата Energy Aspects.

Челникот на ОПЕК нагласи дека нафтата ќе има клучна улога во човечките животи во годините и децениите што доаѓаат, бидејќи, според него, врвот на побарувачката на нафта „не е ни на повидок“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан