• недела, 22 декември 2024

ОН: Повеќе од половина милион заразени со ХИВ може да починат во субсахарска Африка поради кризата со Ковид-19

ОН: Повеќе од половина милион заразени со ХИВ може да починат во субсахарска Африка поради кризата со Ковид-19
Њујорк, 11 мај 2020 (МИА) - Повеќе од половина милион луѓе во субсахарска Африка би можеле да умрат од болести поврзани со вирусот на Сида оваа година и следната, како резултат на здравствените проблеми што ги наруши пандемијата на новиот коронавирус, предупредуваат денеска агенциите на ОН. Светска здравствена организација и Програмата на ОН за борба со ХИВ/СИДА нагласуваат дека испораките за лековите за таклви пациенти (заболени од Сида) ќе бидат прекинати до шест месеци. Во Камерун има проблеми со доставувањето лекови, во Боцвана веќе нема залихи. Во ДР Конго здравствени работници не можат да ја вршат својата работа заради изолации. Има информации дека лица со ХИВ не можат или не сакаат да отидат до клиники поради ограничувања или страв од Ковид-19, предупредуваат од ОН. Во околу 10 држави од субсахарска Африка програмите за превенција од ХИВ не работат нормално. Во 2018 година околу 470.000 луѓе починаа од Сида во држави јужно од Сахара каде се 61 отсто од смртните случаи од Сида во светот. зш/

Остани поврзан