• петок, 14 јуни 2024

ОН: Речиси половина милион луѓе бегаат од борбите во источно Конго

ОН: Речиси половина милион луѓе бегаат од борбите во источно Конго

Женева, 24 ноември 2023 (МИА) - Речиси половина милион луѓе бегаат од борбите меѓу владините трупи и бунтовниците во источниот дел на Демократска Република Конго (ДРК), објави денеска во Женева, комесарот за човекови права на ОН (УНХЦР).

УНХЦР соопшти дека ситуацијата се влошува во провинцијата Северен Киву, која граничи со Уганда и Руанда и која долго време е во криза. Владините сили се обидуваат да воспостават контрола над регионот, кој е богат со ресурси.

УНХЦР соопшти дека бројот на бегалците од борбите е 450 илјади и рече дека најмалку 200 илјади од внатрешно раселените луѓе биле отсечени од хуманитарната помош.

Прекршувањето на човековите права во регионот, вклучително и силувањето на жени и девојчиња, е зголемено од октомври, се вели во извештајот.

Се наведува дека десетици илјади луѓе се собрале во Саке, град на езерото Киву на околу 35 километри од главниот град на провинцијата Гома.

Претседателските избори во втората по големина африканска земја по област се закажани за 20 декември. Набљудувачите постојано предупредуваат дека одржувањето на гласањето во спорните региони ќе биде тешко или едвај возможно. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан