ОН: Најмалку 150 луѓе загинаа во насилство во главниот град на Хаити во изминатата недела
- „Новиот пораст на насилството во главниот град на Хаити е предвесник на уште полошо. Насилствата на бандите мора веднаш да се прекине. Не смее да се дозволи Хаити дополнително да влезе во хаос“, нагласи во изјавата шефот за права на ОН, Волкер Турк
Порт-о-Пренс, 20 ноември 2024 (МИА) - Најновото интензивирање на насилствата во Порт-о-Пренс резултираше со најмалку 150 мртви од 11 ноември досега, со што вкупниот број на загинати на Хаити оваа година достигна 4.544, соопштија денеска ОН.
„Новиот пораст на насилството во главниот град на Хаити е предвесник на уште полошо. Насилствата на бандите мора веднаш да се прекине. Не смее да се дозволи Хаити дополнително да влезе во хаос“, нагласи во изјавата шефот за права на ОН, Волкер Турк. зш/