• петок, 22 ноември 2024

ОН: Над 470 загинати, повредени и исчезнати од 8 до 17 јули во судири на банди во Порт-о-Пренс, на Хаити

ОН: Над 470 загинати, повредени и исчезнати од 8 до 17 јули во судири на банди во Порт-о-Пренс, на Хаити
Порт-о-Пренс, 25 јули 2022 (МИА) - Повеќе од 470 лица се  убиени, повредени и исчезнати од 8 до 17 јули во судири меѓу банди во населбата Сајт Солелеј, предградие на главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, соопштија денеска Обединетите нации. „Пријавени се тешки случаи на сексуално насилство врз жени, девојчиња и момчиња регрутирани од бандите“, предупредуваат Обединетите нации во соопштението, додавајќи дека 3.000 жители на оваа општина, најсиромашна во пошироката област на главниот град Порт-о-Пренс, ги напуштија своите домови. Девет земји-членки на Советот за безбедност на ОН, предводени од Бразил, минатата недела во заедничка изјава го осудија насилството врз жените во Хаити, земја зафатена со насилство, и повикаа на нивна меѓународна заштита. Има „алармантни извештаи за силување и сексуално ропство“ во квартовите на Порт-о-Пренс контролирани од бандите, изјави бразилскиот потпретседател Хамилтон Мурао во ОН, придружуван од претставници на Ирска, Норвешка, Франција, Велика Британија, Мексико, Кенија, Албанија и Обединетите Арапски Емирати. сд/

Остани поврзан