• петок, 22 ноември 2024

ОН го ограничи пристапот на руски новинар по инцидентот на прес-конференција со Бербок

ОН го ограничи пристапот на руски новинар по инцидентот на прес-конференција со Бербок

Њујорк, 4 октомври 2024 (МИА) - Инцидентот на прес-конференција со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за време на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк минатата недела доведе до ограничување на пристапот на руски новинар, јави ДПА.

-Репортер од Канал 1 на руската државна телевизија се обидел да ја пресретне Бербок на пат кон средба со германските новинари. Потоа се потруди да застане до германската министерка за надворешни работи пред таа да го започне својот говор.

Но, Бербок го замоли да им се придружи на другите новинари за да може да започне прес-конференцијата.

Одделот за акредитација на ОН рече дека активностите на рускиот известувач ги прекршиле упатствата за пристап до медиумите, што резултирало со ограничување на неговото овластување. Сепак, новинарот може да продолжи да работи во зградата, соопштија од одделот за акредитација и рекоа дека не му бил забранет пристапот.

Како одговор, постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, поднесе жалба до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, барајќи да се поништи одлуката на одделот за акредитација. Тој тврдеше дека репортерот не ја вознемирил Бербок и конфронтацијата со член на германската делегација ја опиша како „напад“ врз Русинот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан