• петок, 22 ноември 2024

ОН ги предупредија талибанците да не го вознемируваат нивниот женски персонал

ОН ги предупредија талибанците да не го вознемируваат нивниот женски персонал
Кабул, 12 септември 2022 (МИА) – Мисијата на Обединетите нации во Авганистан ги обвини талибанските власти за малтретирање на нивните вработени во Авганистан, соопштија денеска претставници на мисијата на ОН. Тие ги повикаа локалните власти да го почитуваат персоналот на мисијата на ОН. - Се појави шема на малтретирање на авганистанските жени од персоналот на ОН од страна на талибанските власти, се вели во соопштението. Се наведува дека три Авганистанки неодамна биле накратко приведени и испрашувани од вооружени владини безбедносни агенти. Обединетите нации повикаа на итен прекин на сите акти на „заплашување и вознемирување насочени кон авганистанскиот женски персонал“ и ги потсетија локалните власти на нивните обврски според меѓународното право да ја гарантираат безбедноста на целиот персонал на ОН што работи во Авганистан. Во соопштението објавено вечерва од талибанците се негира дека локалните власти привеле припадници на персонал на ОН. Според извештаите, властите во јужната провинција Кандахар запреле група жени, но кога сфатиле дека се вработени во ОН, престанале да ги испрашуваат. јт/

Остани поврзан