• петок, 22 ноември 2024

ОН: Во Европа досега регистрирани речиси 6,2 милиони бегалци од Украина

ОН: Во Европа досега регистрирани речиси 6,2 милиони бегалци од Украина
Њујорк, 28 јули 2022 (МИА) - Речиси 6,2 милиони бегалци од Украина се регистрирани ширум Европа до 26 јули, објавија синоќа Обединетите Нации, а повеќе од половина од нив аплицирале за привремен престој. Само Полска има примено повеќе од 1,2 милиони Украинци. Во Велика Британија пак, пристигнале повеќе од 100.000 Украинци во рамките на две организирани акции со цел да се помогне на оние кои бегаат од земјата по руската инвазија што започна при крајот на февруари, соопштија денеска од британската Влада. Оттаму укажаа дека процесот сега е целосно дигитален и дека апликациите се обработуваат во рок од 48 часа. Исто така, оваа процедура овозможува лицата помлади од 18 години да аплицираат за влез Велика Британија без родител или старател, доколку поседуваат валидна согласност од родителите. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан