• четврток, 20 февруари 2025

ОН: Бунтовниците од групата М23 погубија три деца во Конго

ОН: Бунтовниците од групата М23 погубија три деца во Конго

Женева, 18 февруари 2025 (МИА) - Канцеларијата на ОН за човекови права денеска соопшти дека бунтовничката група М23 погубила три деца кои земале оружје и униформи што припадниците на армијата на Конго ги оставиле во градот Букаву.

ОН изразија загриженост за овој и други слични инциденти кои се случија откако бунтовниците влегоа во Букаву, пренесоа светските агенции.

„Нашата канцеларија потврди случаи на егзекуции на деца извршени од членови на М23, откако тие влегоа во Букаву минатата недела“, рече портпаролката на Канцеларијата на ОН за човекови права, Равина Шамдасани на прес-конференција во Женева. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан