• четврток, 18 јули 2024

Онлајн конференција „Предизвиците на жените во руралните средини и нивните заложби“

Онлајн конференција „Предизвиците на жените во руралните средини и нивните заложби“
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Онлајн конференција „Предизвиците на жените во руралните средини и нивните заложби“ ќе биде одржана денеска во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Национална федерација на фармери (НФФ) и под покровителство на Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот на државата.
На настанот ќе можат да се чујат приказните и препораките на жените од руралните средини во областа на земјоделството. Воведни обраќања ќе имаат Елизабета Ѓоргиевска, Неда Малеска Сачмароска - извршна директорка на ЦУП и Васка Мојсовска - претседателка на НФФ.
Конференцијата е организирана во рамки на проектот Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19 спроведен од ЦУП со поддршка на УСАИД. са/ац/

Остани поврзан