• понеделник, 25 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Омерагиќ: Имавме желба за победа, но не успеавме и сега мислиме на Лозана

Омерагиќ: Имавме желба за победа, но не успеавме и сега мислиме на Лозана

Сан Марино, 18.јули 2025 (МИА) - Фудбалерите на Вардар одиграа без победник на гостувањето во Сан Марино - 2:2. По двата натпревара со вкупен резултат од 5:2, „црвено-црните“ заслужено се пласираа во следната рунда.

- Желбата беше победа и на реваншот, но поради некои наши грешки не успеавме во тоа. Во вториот дел бевме поагресивни и подобри за жал не се радувавме на победата по несреќно приемен гол. Остануваме фокусирани сега на следниот противник - Лозана, изјави Азер Омерагиќ. 

Вардар во следното коло ќе игра против швајцарската екипа Лозана. мн/

Фото: МИА

Остани поврзан