• петок, 20 март 2026

Оман „разочаран“ од конфликтот, ги повикува САД да се повлечат

Оман „разочаран“ од конфликтот, ги повикува САД да се повлечат

Мускат, 28 февруари 2026 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Оман, кој посредуваше во разговорите меѓу САД и Иран, жали за бранот напади на САД и Израел врз Исламската Република.

„Разочаран сум. Активните и сериозни преговори уште еднаш беа поткопани“, напиша Бадр Албусаиди на X.

„Ги повикувам Соединетите Држави да не се вовлекуваат подлабоко. Ова не е ваша војна“, додаде тој. јт/

 

Остани поврзан