• четврток, 04 декември 2025

Оман потврди договор за запирање на огнот меѓу САД и Хутите во Јемен

Оман потврди договор за запирање на огнот меѓу САД и Хутите во Јемен

Мускат, 6 мај 2025 (МИА) - Јеменските бунтовници Хути и САД се договорија за прекин на огнот, соопшти министерот за надворешни работи на Оман, Бадр ал-Бусаиди, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави запирање на нападите врз групата поддржана од Иран.

- По последните дискусии и контакти меѓу султанатот Оман, САД и властите во Сана, постигнат е договор за прекин на огнот меѓу двете страни, изјави ал-Бусаиди. Тој додаде дека „во иднина, ниту една страна нема да ја напаѓа другата, вклучително и американските бродови во Црвеното Море и Баб ел-Мандеб“.

Претседателот на САД претходно денеска изјави дека Хутите „капитулирале“ и поради тоа САД ќе ги запрат воздушните напади врз нив во Јемен. ссм/

фото: архива

Остани поврзан