• петок, 19 јули 2024

Олимпиското село Пекинг 2022 ќе биде отворено на 27 јануари

Олимпиското село Пекинг 2022 ќе биде отворено на 27 јануари
Пекинг, 27 октомври 2021 (МИА) - Заменик-градоначалникот на Пекинг Џан Џиандун изјави дека отворањето на Олимпиското село за Игрите во 2022 година е закажано за 27 јануари 2022 година. - Официјалното отворање на Олимпиското село ќе се случи на 27 јануари следната година за да ги пречека спортистите од целиот свет. На 2 февруари ќе тргне штафетата на олимпискиот факел, изјави Џиандун. Зимските олимписки игри 2022 година во главниот град на Кина ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година. Организаторот на Олимпијадата, вчера го прикажа дизајнот на медалите кои ќе се доделат на најуспешните спортисти. зс/

Остани поврзан