• сабота, 31 јануари 2026

Олгин: Без напредок во мерките за градење доверба тешко е да се организира состанок во проширен состав за кипарското прашање

Олгин: Без напредок во мерките за градење доверба тешко е да се организира состанок во проширен состав за кипарското прашање

Никозија, 27 јануари 2026 (МИА) - Се обидувам да притиснам за поглем напредок во мерките за градење доверба, без напредок тешко е да се организира состанок во проширен состав, рече личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање, Марија Анхела Олгин, по средбата во Никозија со претседателот на Република Кипар, Никос Христодулидис, јави дописничката на МИА од Атина.

Олгин изрази надеж дека ќе се постигне напредок бидејќи, како што рече, досега немало.

Посочи дека ги слушнала позициите на Христодулидис, попладне ќе се сретне и со лидерот на кипарските Турци, Туфан Ерхурман, а за утре е закажан заеднички состанок со двајцата лидери.

- Утре она што ќе го направам е да разговараме за методологијата, за четирите точки што Ерхурман ги стави на маса пред неколку месеци. Тоа е прашањето за утре и се надевам дека ќе има напредок, ако нема, тогаш многу е тешко да се организира состанок 5+1, без напредок - рече Олгин.

На новинарско прашање дали состанок во проширен состав (5+1) е можно да се одржи следниот месец повтори дека „зависи од напредокот на двајцата лидери по прашањето за мерките за градење доверба“. ср/сд/

Фото: Кабинет на кипарскиот претседател

Остани поврзан