• вторник, 24 декември 2024

Оксфам: Богатите земји веќе купија половина од идната вакцина против коронавирус

Оксфам: Богатите земји веќе купија половина од идната вакцина против коронавирус
Лион, 17 септември 2020 (МИА) - Богатите земји веќе купија повеќе од половина од идните дози на вакцини против коронавирус, соопшти организацијата за намалување на сиромаштијата Оксфам. Податоците на Оксфам покажуваат дека 51 процент од залихите со вакцини во последната фаза од истражувањето ги купиле земји кои сочинуваат само 13 проценти од светската популација. „Оксфам дојде до овој заклучок анализирајќи ги веќе склучените договори меѓу фармацевтските компании и производителите на вакцини со земјите во светот за петте најперспективни потенцијални вакцини кои се во третата фаза на клинички испитувања, врз основа на податоците собрани од компанијата ’Ефинити’“, пренесува Еуроњуз. Оксфам и други слични организации ги повикуваат сите да ги променат корпоративните практики, така што „народната вакцина“ да биде достапна за секого. Исто така, предупредува дека дури и ако топ пет потенцијални вакцини се успешни, 61 процент од светската популација нема да може да ја прими вакцината барем до 2022 година. паг/  

Остани поврзан