Околу 4.500 посетители го посетија Вински музеј Кавадарци минатата година
- Околу 4.500 посетители го посетија Вински музеј Кавадарци минатата година. Директорката, Весела Честоева појасни за МИА дека се работи за домашни и странски гости на кои кавадаречкиот музеј и

Кавадарци, 14 јануари 2022 (МИА) - Околу 4.500 посетители го посетија Вински музеј Кавадарци минатата година. Директорката, Весела Честоева појасни за МИА дека се работи за домашни и странски гости на кои кавадаречкиот музеј им беше на агендата за посета и покрај пандемијата од Ковид-19.
- Постоиме околу година и половина и бројот на реквизити кои се дел од музејската поставка, постојано расте. Сите тие се сведоци за историјата, културата и традицијата на лозаровинарството на овие простори, кое има долгогодишна традиција, нагласи Честоева.

Директорката рече дека музејот предизвикува интерес и покрај пандемијата и во неговиот двор, во градскиот парк, како и дека со почитување на ковид мерките, се одржуваат бројни манифестации посветени на грозјето и производите од грозје.
Таа ги повика сите оние коишто поседуваат алати и садови кои се користеле во лозарството и винарството низ годините, немаат каде да ги чуваат и сакаат да бидат видени во иднина, да ги отстапат на музејот и да бидат достапни до пошироката јавност како културно наследство.свд/свс/