Околу сто семејства од Куманово користат топол оброк од проектот „народна кујна“
- Околу сто кумановски семејства ги користат услугите на „народна кујна“, проект финансиран од општина Куманово. Оброците се подготвуваат секојдневно, менито е со разновидни оброци, а на барање на корисниците има и пакети за повеќе денови со сува храна.
Куманово 13 август 2025 (МИА) - Околу сто кумановски семејства ги користат услугите на „народна кујна“, проект финансиран од општина Куманово. Оброците се подготвуваат секојдневно, менито е со разновидни оброци, а на барање на корисниците има и пакети за повеќе денови со сува храна.
- Народната кујна работи постојано. Доколку некои корисници се откажат или поради други причини излезат од категоризацијата на социјални случаи, тие веднаш се заменуваат со лица од резервната листа. Во моментов, како и претходно, опслужуваме 100 семејства, изјави раководителот на секторот за социјална заштита Куманово, Александар Крстевски.
Народната кујна во Куманово останува еден од клучните социјални сервиси во градот, обезбедувајќи секојдневно топли оброци за ранливите категории граѓани.

Програмата е наменета исклучиво за граѓаните на Куманово, но апликации има од соседните општини Липково и Старо Нагоричане.
– За жал, тие не можат да бидат вклучени во програмата, но заедно со Црвениот крст и неколку организации кои работат на оваа тематика, излегуваме во пресрет со носење хуманитарна помош во домашни услови, додаде Крстевски.
Општина Куманово за овој проект предвиде шест милиони денари, а веќе се разговара за можноста, наредната година да се зголемат квотите, во зависност од финансиските средства.
Обезбедувачот на услугата е интерантот „Професор Мијалковиќ“ кој излегува во пресрет на најранливите, и ова значи сигурен, топол оброк барем еднаш дневно. ам/сст/
Фото МИА