• четврток, 26 март 2026

Околу еден час се чека на ГП Богородица и Дојран, а 40 минути на Табановце

Околу еден час се чека на ГП Богородица и Дојран, а 40 минути на Табановце

Скопје, 3 август 2025 (МИА) - Поради летните одмори на граничните премини со Србија и Грција се забележува зголемена фреквенција на возила.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека времето на чекање за влез во земјава на Табановце е околу 40 минути, а на Богородица и Дојран околу еден час. 

Според информациите на АМСМ, на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан