• четврток, 04 декември 2025

Оклахома по втор пат шампион на НБА

Оклахома по втор пат шампион на НБА

Оклахома, 23 јуни 2025 (МИА) - Оклахома ноќеска ја победи Индијана со 103:91 во седмиот натпревар од финалето на НБА и го освои шампионскиот трофеј во најсилната кошаркарска лига на светот.

Шеј Гилџеус-Александер беше предводник до успехот на својот тим со 29 поени и 12 асистенции. 

Кај Индијана се истакна Бенедикт Матурин со 20 поени и 13 скока.

Најдобриот кошаркар на Индијана, Тајрис Халибартон, во првата четвртина ја повреди Ахиловата тетива и не можеше да го продолжи натпреварот.

Оклахома ја доби серијата со 4-3 и ја освои титулата во НБА по втор пат во историјата на франшизата. 

Тимот претходно ја освои својата прва титула во 1979 година, играјќи под името Сиетл суперсоникс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан