Оклахома на една победа до големото финале на НБА плејофот
- Оклахома ноќеска ја победи Минесота на гостински терен со 128:126 во четвртиот натпревар од полуфиналната серија на НБА плејофот.
Минеаполис, 27 мај 2025 (МИА) - Оклахома ноќеска ја победи Минесота на гостински терен со 128:126 во четвртиот натпревар од полуфиналната серија на НБА плејофот.
Ѕвездата на Оклахома, Шеј Гилџеус-Александер беше најефикасен на теренот со 40 поени и 10 асистенции.
Во поразената екипа Никеил Александер-Вокер постигна 23 поени.
Сега е 3:1 за Оклахома во серијата прв до четири победи.
Следниот натпревар ќе се одигра на 29 мај и ќе започне во 2:30 часот по македонско време. зс/
Фото: ЕПА