• понеделник, 10 јуни 2024

ОИ: Кинеските олимпијки со значки со ликот на Мао Це Тунг

ОИ: Кинеските олимпијки со значки со ликот на Мао Це Тунг
  Токио, 3 август 2021 (МИА) – Меѓународниот олимписки комитет (МОК) побара одговор од кинеската делегација во Токио зошто нејзините олимписки победнички во велосипедизам се искачија на победничкиот пиедестал со значки со ликот на комунистичкиот водач Мао Це Тунг. Значки со ликот на Мао Це Тунг на церемонијата на доделување на медалите носеа Бао Шанју и Жонг Тианши. МОК соопшти оти детално ќе го испита целиот случај за да утврди дали кинеската страна евентуално ја прекршила Олимписката повелба, која забранува испраќање политички пораки од победничкиот пиедестал. - Можам да соопштам дека веќе го контактиравме Кинескиот олимписки комитет и го испитуваме случајот, изјави портпаролот на МОК, Марк Адамс. ег/

Остани поврзан