• недела, 22 декември 2024

ОИ: Зеленски горд на украинските спортисти

ОИ: Зеленски горд на украинските спортисти


Киев, 26 јули 2024. (МИА) – Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави денеска дека е „горд“ на учеството на украинските спортисти на Олимписките игри 2024 година во Париз, и покрај војната во земјата.
„Горди сме на нашиот тим, на нашите момчиња и девојки кои и покрај агресијата на нашата земја успеаја да се подготват за Олимписките игри и да го покажат духот на сите Украинци“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс.
Војната во Украина трае повеќе од две години, откако Русија започна напад во февруари 20222.
Олимписките игри во Париз официјално ќе бидат отворени вечерва и ќе траат до 11 август. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан