• понеделник, 23 декември 2024

Од 2035 година ЕУ ќе престане со продажбата на нови возила со внатрешно согорување

Од 2035 година ЕУ ќе престане со продажбата на нови возила со внатрешно согорување

Брисел, 28 октомври 2022 (МИА) - Советот на Европската Унија и Европскиот Парламент синоќа постигнаа договор за закон со кој се предвидува крај на продажбата на нови автомобили  и возила со мотор со внатрешно согорување, т.е. бензин и дизел, од 2035 година.

- Овој договор го отвора патот за современа и конкурентна автомобилска индустрија во ЕУ. Светот се менува и ние мора да останеме лидери во иновациите, изјави чешкиот министер за индустрија и трговија, Јозеф Сикела. Чешкото претседателство преговараше во име на 27-те земји-членки на ЕУ со претставниците на ЕП. Постигнат е договор за намалување на испуштањето јаглерод-диоксид од новите автомобили за 55 отсто и 50 отсто за камиони до 2030, во споредба со нивото од 2021 година. Според тоа, до 2035. треба да се постигнат нула емисии и за новите автомобили и за камионите. Договорот е дел од пакетот „Подготвени за 55 отсто“, со кој ЕУ си постави за цел намалување на нето-емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 отсто до 2030 година.  си/сд/

Остани поврзан