Од 1 јуни се отвораат основните училишта и градинките во Грција
- Следниот понеделник, на 1 јуни 2020 година ќе се отворат основните училишта и градинките во Грција, соопшти вечерва портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, јави дописничката на МИА од Ати

Атина, 24 мај 2020 (МИА) - По едногласната позитивна препорака на Комисијата на епидемиолози, за справување со вонредни состојби во јавното здравје, следниот понеделник, на 1 јуни 2020 година ќе се отворат основните училишта и градинките во Грција, соопшти вечерва портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, јави дописничката на МИА од Атина.
За време на утрешниот редовен брифинг со новинарите, министрите за образование и за внатрешни работи ќе ги објаснат деталите за начинот на кој ќе работат основните училишта и градинките.
Пред две седмици во училишните клупи се вратија матурантите, а минатиот понеделник започна наставата за сите средношколци. ср/гт/