• петок, 22 ноември 2024

Од 1 декември само биоразградливи кеси кои ќе чинат 15 денари

Од 1 декември само биоразградливи кеси кои ќе чинат 15 денари
Скопје, 4 октомври 2021 (МИА) - Од 1 декември ќе стапи во сила забрана за пластични кеси, односно ќе биде дозволена продажба само на биоразградливи кеси за кои ќе се наплатува надомест од 15 денари за специјален фонд за животна средина. Ова денеска го соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Владата на која беше претставен Националниот план за управување со отпад 2021 - 2031. - Идејата за цената на пластичните кеси е за да се намали употребата на пластиката. Фондот што ќе се создаде од овие 15 денари за секое купување на пластично кесе ќе отиде на посебен фонд којшто ќе се инвестира во животната средина, но и ќе се инвестира во совеста на граѓаните како да менаџираме со отпадот во нашата држава. Идејата е тој што загадува тој и да плати, и на тој начин производителите коишто ќе донесат производи во нашата држава треба да контрибуираат и во тоа, и со ова ќе се натера да придонесат за инфраструктурата со различни контејнери во нашата држава каде што ние како граѓани ќе ги селектираме отпадите и со ова ќе креираме систем којшто самите граѓани ќе го селектираат отпадот, појасни Нуредини. Од 1 декември, како што информира, ќе биде забранета пластика за еднократна употреба во угостителските објекти во заштитени зони – тоа значи Пелисер, Маврово, Шар Планина, итн. мс/са/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан