• петок, 22 ноември 2024

Од утре почнува со работа отворениот базен во Куманово

Од утре почнува со работа отворениот базен во Куманово
Куманово, 21 јуни 2022 (МИА) - Отворениот базен од спортскиот комплекс базени Куманово, утре почнува со работа, информираа денеска надлежните од ЈП „Чистота и Зеленило“ кои менаџираат со комплексот. Работното време е исто како и пред пандемијата, од 10 до 18 часот од понеделник до недела. - Го искористивме претходниот период додека не работеше базенот и извршивме санација и поправки на отворениот базен, кој сега е целосно во функција и може да почне со работа. Извршено е чистење на одводни цевки, санација на плочките, извршено е фугирање, санација на дел од плочките од внатрешноста на базенот, изјави директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски. Тој додава дека Центарот за јавно здравје Куманово го испитува квалитетот на водата во двата базена и нема отстапувања, истакнувајќи дека системот за хлорирање, пумпите работат непречено. И оваа сезона за капачите ќе се грижат вработените-спасители на вода и медицински персонал. Менаџментот преговара и со екипи на Црвен крст Куманово да се вклучат во отворениот дел од базенот. Годинава нема да се продаваат пијалаци и храна, но ќе има поставено машини за кафе, сокови, вода. Цената за влезот е непроменета и изнесува 150 денари за ден. ам/свс/

Остани поврзан