• петок, 22 ноември 2024

Од утре полициски час од 21:00 до 06:00

Од утре полициски час од 21:00 до 06:00
Скопје, 21 март 2020 (МИА) - Владата на денешната седница одлучи од утре во земјава да се воведе полициски час, соопшти премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил. Во секој момент се очекува и вонредно обраќање на Спасовски до јавноста. -Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот. Ограничување на движењетоОд утре почнуваме со  на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата, напиша Спасовски на фејсбук. мч/мд/

Остани поврзан