• среда, 25 декември 2024

Од утре започнува пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис

Од утре започнува пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис
Скопје, 19 јули 2021 (МИА) - Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис ќе биде објавен утре во четири дневни весници, како и на веб-страницата www.Popis2021.stat.gov.mk каде  ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување, информираат од Државниот завод за статистика. - Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, се вели во соопштенито од ДЗС. Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати. Од Државниот завод за статистика, посочуваат дека придонесот на секој еден од нас во пописните активности претставува придобивка за сите, и како директни учесници во спроведувањето на Пописот и како даватели на податоци. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија ќе се одржи од 5 до 30 септември годинава. аа/сп/

Остани поврзан