Од утре задолжително зимска опрема во возилата
- Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре, 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре, 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема во возилата.
Мерката е согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, велат од МВР.
-Апелираме до граѓаните да се придржуваме кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови, апелираат од МВР. ир/са